Проектот „Стоп за дискриминација“ е финансиран од Европската комисија во рамки на програмата: Зајакнување на улогата на граѓанското општество во промоција на човековите права и демократските реформи на Европската иницијатива за демократија и човекови права (EIDHR) и од ФИООМ.
Проектот го спроведува Здружение на граѓани „Центар за одржлив развој – Порта“ – Струмица во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип и Здружение на граѓани „Регионален центар за одржлив развој“ – Гевгелија.
Целта на проектот е да се зајакне улогата на граѓанското општество во промоцијата на човековите права, развојот на демократијата и законските права преку промоција на Законот за заштита од дискриминација.
Проектот ги има следниве задачи:
- Да се зголеми свеста за постоењето на Законот за заштита од дискримнација и можностите што ги нуди;
- Да се развијат капацитетите на НВОите за промоција на Законот за заштита од дискриминација;
- Да се воспостави соработка и изгради партнерство помеѓу НВОи, локални и национални институции за промоција на Законот за заштита од дискриминација;
- Да се мониторира имплементацијата на Законот за заштита од дискриминација на локално и регионално ниво.
Времетраењето на проектот е 12 месеци, од јануари 2010 до декември 2010 година.
Целна групи на проектот се претставниците на невладини организации, Единиците на Локалните самоуправи, јавни институции и заинтересирани граѓани.
Крајните корисници на проектот се граѓани од следните 15 општини: Штип, Струмица, Гевгелија, Радовиш, Конче, Ново Село, Василево, Босилово, Валандово, Богданци, Дојран, Кочани, Карбинци, Чешиново – Облешево и Зрновци.
Проектот го сочинуваат следниве компоненти:
- Компонента 1: Градење капацитети и вмрежување – има за цел градење на капацитети на НВОи, на локални и национални институции и организации за промоција и заштита на човековите права. Со организирањето на обуки, учесниците ќе стекнат знаења и вештини како да ги промовираат и застапуваат човековите права согласно со националната и интернационалната легислатива. Оваа компонента ќе овозможи поголема сензитивност за правата поврзани со сите облици на дискриминација и учење за механизмите за заштита од дискриминација. Преку обуките ќе се оствари подобра соработка и комуникација помеѓу НВО секторот со локалните и националните власти.
- Компонента 2: Лобирање и застапување и зголемување на јавната свест – има за цел да го промовира Законот за заштита од дискриминација, да ја подигне свеста кај граѓаните за препознавање на сите форми на дискриминација и да се запознаат со механизмите за заштита од дискриминација. Оваа компонента ја сочинуваат следниве активности: публикација и дистрибуција на брошури и водичи; кампања за подигање на свеста за прашањето на дискриминација, организирање јавни настани и форум со цел да се дискутира за актуелните проблеми поврзани со дискриминацијата.
- Компонента 3: Мониторинг на локалната администрација – има за цел да ги зајакне капацитетите нa НВОи за мониторинг на спроведувањето на законот за заштита од дискиминација на локално и регионално ниво, континуирано да информира за правилното или неправилното спроведување на законот. Мониторинг тимови за секој регион редовно ќе ги набљудуваат институциите задолжени за спроведување на законот и како тие се однесуваат во секојдневната работа со граѓаните. Ова ќе овозможи воспоставување поквалитетен и поефикасен систем на работа од страна на институциите кои во секојдневната работа се потенцијални прекршители на законот за заштита од дискриминација.
Активностите во проектот ќе придонесат кон постигнување на следниве резултати:
- Информирани граѓани за постоењето на Законот за заштита од дискриминација;
- Зајакнати капацитети на НВОи за промоција и застапување на Законот за заштита од дискриминација;
- Зајакнати капацитети на НВОи за мониторирање на Законот за заштита од дискриминација;
- Соработка помеѓу граѓанското општество и релевантните институции за по успешна имплементација и почитување на Законот за заштита од дискриминација;
- Зголемена свест на граѓаните за препознавање на сите форми на дискриминација и постоењето на механизми за заштита на нивните права;
- Дадени препораки до релевантните институции за подобрување на имплементацијата на Законот за заштита од дискриминација.
Last modified: 07.04.2017