Во рамки на проектот „Обучи се, добиј поддршка, вработи се!“, на 27.03.2017 година се одржа работна средба на учесниците на Тренингот за тренери за кариерно советување.
Во рамки на средбата се дискутираше за идните активности во кои обучените тренери би можеле да се вклучат во рамки на проектните активности од проектот „Обучи се, добиј поддршка, вработи се!“, но и за градење на потенцијални партнерства и мрежи каде капацитетите на тренерите за кариерно советување би можеле дополнително да се искористат.
Со учесниците беа споделени материјалите од спроведените обуки и на истите им беа доделени потврди за учество на Тренингот за тренери.
Last modified: 28.04.2017