Саем за младинска работа

20.06.2013

Саем за младинска работа

Викендов во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД) а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Националниот демократски институт се одржа првиот Саем на младинска работа.

Настанот е резултат на процесот започнат од иницијативата за професионализација и признавање на младинска работа, која ЦИД ја спроведува во период 2012/2013.

Иницијатива на подолг рок цели кон поставување и креирање рамки за воспоставување на системи за поддршка на млади во Македонија. Ова би значело дефинирање на младинската работа, разговарање на процесите на осигурување на квалитетот на понудените програми и јавно признавање на младинската работа.

Саемот за младинска работа имаше за цел да ја подигне свеста за потребата за професионализација и признавање на младинската работа, како и да направи линк помеѓу понудувачите на младинска работа и инсититуциите. Настанот собра 40-ина понудувачи на младинска работа и претставници на институции кои меѓусебно разговараа за потребните законски решенија и регулативи, како и за дефинирањето на капацитети и компетенции на понудувачи на младинска работа.

Саемот вклучи и панел дискусија и работни групи во кои детално се разговараше за потребите за професионализација и предизвиците кои треба да се надминат. Вкупно се презентираа 30 организации од целата земја, што беше и добра можност за вмрежување помеѓу невладиниот сектор.

Воедно, еден ден пред саемот во просториите на Младински образовен форум, се оддржа и Основачкото Собрание на „Сојузот за младинска работа” во кој учествуаат 27 организации од Македноија кој работат на младински програми.

Основната цел на сојузот е да обезбеди организирана и континуирана работа на организациите за признавање на младинската работа како професија, и да обезбеди поддршка на младинските работници како и понудувачите на младинска работа.

Last modified: 06.04.2017