Саем на традиционални производи

29.10.2014

Прв саем на традиционални производи во Дебар

Како дел од активноститите на проектот „Одржување на руралниот развој во регионот на планинскиот венец Дешат: Локални советодавни групи Дешат“ на 15.10.2014 во центарот на Дебар се одржа првиот саем на традиционални производи.

Саемот предизвика голем интерес кај граѓаните на дебарско. Излагачи беа производители на традиционални производи од регионот но присутни беа и излагачи и од соседна Албанија, бидејќи се одвиваат исти активности од двете страни на границата. Од локалната самоуправа постои расположение саемот да прерасне во традиционална манифестација.

Проектот е финансиран од Европската Комисија преку ИПА програмата за прегугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.

 

 

Last modified: 06.04.2017