Јавна дебата за профилот, проблемите и приоритетите на младите во Македонија
Иницијативата за одбрана на учеството, поддржана од 47 младински и граѓански организации организира циклус од 18 јавни дебати во 18 градови во Македонија чија основна цел е да ги поттикне младите директно да ја практикуваат демократијата и самостојно да одлучуваат за своите приоритети.
Иницијативата ги повикува сите млади и сите граѓани кои биле млади да се вклучат во овој консултативен процес и да помогнат со идеи за следниве младински прашања:
- Учество на младите во одлучувањето – како да се обезбеди?
- Интеграција, анти-дискриминација, толеранција – како да се почитуваме?
- Невработеност – како да ја намалиме?
- Активизам и граѓанска одговорност наспроти апатија – што не спречува?
- Младинско организирање – монопол или плурализам?
- Национален младински парламент – кој е најдобриот модел?
- Закон за млади – дали и каков закон ни е потребен?
Овие прашања ги засегаат сите: средношколци, студенти, дипломирани, вработени, невработени, организации, неформални групи, друштва, институции, компании, подмладоци на партии, медиуми, млади и граѓани.
Дискусиите од дебатите ќе резултираат со Бела книга за поддршка на младите во Македонија, студија која ги дефинира проблемите и предлага решенија и ефективни политики за млади.
Белата книга ќе биде достапна на јавноста и доставена до сите релевантни институции.
Дебатата во Штип ќе се одржи на 7 февруари (вторник) 2012 во хотел Оаза со почеток од 12 часот.
Last modified: 06.04.2017