Во тек е регрутацијата за нови членови во клубовите оформени преку проектот „Младинска независност“.
Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во рамките на проектот „Младинска независност“ во партнерство со Младиски образовен форум од Скопје ги охрабрува сите заинтересирани студенти и млади да земаат учество во следната фаза на споменатиот проект.
Проектот за млaдинска независност создава и промовира можности за активизам во областа на дебатата, комуникациите, визиелно и аудио изразување, новите медиуми, изведувачките и другите уметности.
Пријави интерес за Вербал – кластер:
Научете го и практикувајте го форматот на Британска парламентарна дебата и стекнете вештини за јавно говорење, критичко размислување, аргументација и побивање.
Пријави интерес за Е/Арт – кластер:
Биди дел од перформанси на јавни простори, научете повеќе за уличната визуелна уметност, новите медиуми како и за видео и аудио изразување.
Пријавувањето е на следнава адреса:stip@mof.org.mk
Last modified: 06.04.2017