Вкупно осум (8) регионални јавни дебати во сите осум плански региони во Р. Македонија се спроведени во периодот од јануари – март 2017 година, како дел од проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“.
Првата дебата се одржа во Скопје, потоа следуваа Охрид, Штип, Струмица, Куманово, Тетово, Велес и Битола.
Целта на регионалните дебати беше да се презентираат резултатите од подготвената анализа на постоечките практики на користење на механизмите за консултација со граѓаните во креирањето на локалните политики и нивната ефикасност. Воедно, граѓаните, граѓанските организации, медиумите и локалните власти од секој регион имаа можност да учествуваат во дискусиите и да предлагаат свои решенија и препораки во однос на подобрување на граѓанското учество и вклучувањето на граѓаните во процесите на креирање политики и донесување на одлуки на локално ниво.
Работни групи од сите осум региони ќе ги сумираат заклучоците од анализата и регионалните дебати и ќе креираат препораки за подобрување на состојбата, со што ќе биде изготвен и документ за јавна политика.
Last modified: 02.05.2017