Регионална фокус група ЦИВИКУС-ИГО

14.02.2011

Регионална фокус група на Цивикус – Индексот на граѓанското општество

Македонскиот центар за меѓународна соработка во соработка со Фондација за развој на локалната заедница на 15.02.2011 (вторник) организира состанок на регионална фокус група на Цивикус-ИГО во хотел Оаза од 10 часот.

Целта на состанокот е запознавање со истражувачките активности на ИГО за проценка на состојбите во граѓанското општество во Македонија и идентификување на неговите јаки и слаби страни.

Цивикус – Индексот на граѓанското општество (ИГО) е акциско – истражувачки проект, кој ја проценува состојбата на граѓанското општество во земјите низ светот. На меѓународно ниво проектот е координиран од Цивикус – Светска алијанса за граѓанско учество, додека во Македонија проектот е координиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

 превземи Дневен ред

 превземи покана

Last modified: 06.04.2017