Регионален форум „Вклучени сите, вклученост за сите!“
Цивика мобилитас ве поканува да учествувате на регионалниот форум за источниот и југоисточниот регион на Македонија.
Форумот е наменет за граѓанските организации, граѓаните, медиумите, институциите и другите чинители од источниот и југоисточниот регион, но и за сите останати заинтересирани.
Регионалниот форум ќе се одржи на 7 октомври 2016 г. (петок) во Мултимедијален центар Канал 77, во Штип со почеток од 12:00 часот.
Носечката тема е социјална инклузија, поточно потребната соработка за сеопфатна и целосна социјална инклузија, за која учесниците на форумот ќе можат да разменат мислења, идеи, искуства, како и да формулираат заклучоци и понатамошни заеднички акции.
Регионалниот форум го ко-организираат Фондација за развој на локалната заедница – Штип и Здружение на граѓани Медиа Плус , а во организацијата се вклучија и Zzp Agroprodukt Stip, КХАМ, Planetum Ekolosko Drustvo, Izbor Strumica, Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“, Здружение за култура -Транзен и Гласно. Медиумски покровител на настанот е Радио Мрежа Канал 77.
Пријава за учество: https://goo.gl/forms/
Last modified: 06.04.2017