Реализирана работилница во Чешиново-Облешево за развивање методолгија

17.11.2015

Работилница во Општина Чешиново-Облешево за развивање на методолгија за распределба на средства

Првата од предвидените три работилници преку кои ќе се заокружи процесот на развивање на методолгија за распределба на средства од општинскиот буџет за поддршка на здруженијата се одржа на 16-ти ноември во Облешево.oblesevo1_web_1

Работилницата ја организираше ФРЛЗ Штип во соработка со Советот на општина Чешиново-Облешево и на неа освен советниците присуствуваа и претставници на граѓанските здруженија и претставници на општинската администрација.

Овие активности се дел од проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија“ кој го имплементира ФРЛЗ Штип во соработка со Младински културен центар Битола, Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и Центар за развој на заедницата Кичево во 8 општини во Република Македонија.oblesevo1_web_2

На работилницата по презентирањето на проектните цели и активности беа разгледани приоритетите на општината за тековната година и општите критериуми за подобност за аплицирање. Плодна дискусија се разви во насока на развивање на генералната рамка на методологијата истовремено отварајќи многу предизвици кои ќе се разгледуваат во следниот период. oblesevo1_web_3

oblesevo1_web_4

Last modified: 06.04.2017