Работилница за уредување на паркот кај Кампус 2
ФРЛЗ Штип и УГД ги повикуваат сите заинтересирани млади, студенти, граѓани, професори при УГД, архитекти или дизајнери, љубители на урбана култура итн. да учествуваат во работилницата за идејно решение за уредување на паркот кај Кампус 2 при УГД.
Работилницата ќе се одржи на 24.11.2016 (четврток) во просториите на ФРЛЗ (градинка Сончогледи, населба Сењак) од 17 часот.
Под мотото „Од студентите за студентите“ Фондацијата за развој на локалната заедница Штип заедно со Универзитетот Гоце Делчев ќе овозможат младите да дизајнираат урбано катче по сопствена мерка. Предметната локација е парковската површина пред Кампус 2. Понатаму ќе следува фаза на изработка на идејното решение и поставување на дизајнираните елементи и опрема.
Last modified: 06.04.2017