Промоција на публикација

23.05.2016

Презентирана публикацијата „Методологија за распределба на средства за здруженија и фондации од општинските буџети“

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип денес во своите простории ја промовираше публикација „Методологија за распределба на средства за здруженија и фондации од општинските буџети“.

 

Публикацијата ги содржи резултатите од спроведените работилници за развивање методологии за распределба на средства од буџетската ставка – Трансфер до НВО од општинските буџети за поддршка на здруженија во 8 општини во Република Македонија: Струмица, Чешиново-Облешево, Кичево, Пласница, Дебар, Центар Жупа, Битола и Новаци.

Презентацијата ја следеа заинтересирани граѓани и медиуми од регионот на кои им беа споделени печатени примероци. Сите заинтересирани граѓани и субјекти примерок од публикацијата можат да подигнат во просториите на ФРЛЗ. Електронска верзија за слободно превземање е достапна  на македонски јазик

Публикацијата има за цел да послужи како алатка за застапување во вклучените општини, но и како пример на останатите општини за креирање и подобрување на механизмите за распределба на средства од општинските буџети до здруженијата.

Овие активности се дел од проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија“ кој го имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со партнерите Младински културен центар Битола, Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и Центар за развој на заедницата Кичево во 8 општини во Република Македонија.

Last modified: 06.04.2017