Програма за партнерства во заедницата и локалната демократија

Организирање на јавни настани (трибини, јавни дебати) во однос на нови законски регулативи и програми на локалните власти, следење на работата на локалните институции и поттикнување поголемо учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво.

Поддршка на локалниот младински клуб на ФРЛЗ во организирање јавни настани (состаноци, работилници, дебати, обуки, мултимедијални настани) за реализирање локални младински иницијативи.

Организирање на обуки за апсолвенти и штотуку дипломирани студенти за практични вештини, обезбедување на работни места во соработка со компании, за јавно говорење и комуникација, нови медиуми и уметност.

Организирање самостојни активности (јавни настани: видео проекции, трибини, театарски претстави) на младинскиот клуб и активности во соработка со останатите ЛМК од регионот (академија за младинска слобода, уметнички фестивал и слично) за промција на слобода на говор, независнот и младински активизам.

Организирање јавни настани (трибини, дебати, презентации) за поголема информираност на граѓаните за придобивките од членството во ЕУ и предизвиците на патот на пристапувањето кон ЕУ.

Организирање на форумски сесии за развој на заедниците на локално ниво со директно вклучување на граѓаните во процесот на решавање на проблемите и потребите на локално ниво.

Воспоставување партнерство со локалните власти за имплементација на заеднички иницијативи за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Проекти:

Comments are closed.