Програма за градење на институционални капацитети

05.10.2010

Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за нивно активно учество во развојот на заедницата. Организирање обуки и консултации за НВО и мрежи на НВО за јакнење на нивните капацитети посебно за лобирање и застапување, креирање и имплементација на јавни политики, подигање на нивото на преговарачките вештини што ќе овозможи да се етаблираат како влијателен и долгорочен партнер во развојот на заедницата.

Јакнење на институционалните капацитети на општинските совети за поефикасно извршување на нивните одговорности и обврски преку разбирање на процесот на децентрализација, подобрување на соработката во самата општина и меѓу општините, подобрување на комуникацијата помеѓу советниците и промоција на граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки.

Проекти:

  1. Градење на капацитетите на новоизбраните членови на општинските совети – финансиски поддржан од ОБСЕ
  2. Младите за отворено општество – Локални младински иницијативи – финансиски поддржан од Младински Образован Форум – Скопје

Last modified: 06.04.2017