Програма за филантропија
Во рамките на оваа програма е формирана првата Фондација на заедницата во Р Македонија. Фондацијата на заедницата од Штип прибира донации од локални донатори и истите ги враќа во заедницата за решавање на приоритетните проблеми и потреби.
Фондација на заедницата поддржува решавање на локалните проблеми со претходна консултација со донаторите и граѓаните; како лидер е вклучена во широка лепеза активности за партнерства во заедницата и служи како катализатор, поттикнувач и интегратор за решавање на проблеми и развивање на решенија за нив.
Организирање активности за прибирање на средства од локални донатори (директни посети на корпоративни донатори и јавни настани за индивидуални и корпоративни донатори).
Доделување на финансиска поддршка (објавување на јавен повик, доделување на финансиска поддршка, следење на реализацијата на активностите) на НВО и неформални групи на граѓани за разрешување на приоритетни проблеми во заедницата.
Организирање активности (јавни настани, медиумска презентација, публикации) за поголема промоција на Фондација на заедницата Штип како механизам за разрешување на локалните проблеми.
Јакнење на капацитетите (обуки, работилници, студиски патувања) на персоналот и членовите на Управниот одбор за пристап до донатори и поефективни планови за прибирање на средства од корпоративни донатори.
Проекти:
- Воведување на концептот: Фондација на заедницата – финансиски поддржан од Global Fund for Community Foundations.
- „Од нас за нас“ – финансиски поддржан од ЗГ „Конект“ – Скопје