Експертиза на Младинска банка Романија
Од 18ти до 20ти април 2012 во посета на ФРЛЗ Штип беа претставници на Младинска банка Романија и Младинска банка Клуж со цел да го промовираат концептот на Младинска банка пред Управниот одбор, персоналот и активистите во ФРЛЗ Штип.
На дводневната работилница беше презентирани интернационалниот и романскиот модел, кој е имплементиран во повеќе поголеми градови во Романија. Беа разгледани можностите за адаптација на моделот во нашите локални услови и се споделени мислења за развивање на истиот. Меѓудругото беа споделени искуства од областа, бидејќи овој концепт е сроден на активностите кои ФРЛЗ Штип ги континуирано ги врши во областа на филантропијата и развивањето на Фондацијата на заедницата.
Last modified: 06.04.2017