Повик за учесници на обуки на граѓанските организации од Источниот плански регион

07.02.2020

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамки на проектот „Ефективен механизам за граѓанско учество“ финансиски поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, распишува повик за учество на обуки за јакнење на капацитетите за мониторинг, лобирање и застапување на граѓански организации од Источниот плански регион.

Повикот е отворен за граѓански организации од општините,  Берово, Делчево, Карбинци, Пехчево, Пробиштип и Штип, кои имаат интерес да работат на мониторинг на локалната самоуправа и застапување на локални политики.

Детали за обуките, критериумите за избор на организации и начинот на пријавување можете да најдете во следниот документ.

Заинтересираните организации се пријавуваат со пополнување на пријавата на следниот линк.

Last modified: 07.02.2020