Повик за избор на обучувачи

02.11.2018

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги за обучувачи за обука на граѓански организации  во рамки на проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации”  на следните теми:

  1. Застапување базирано на докази и вештини за обезбедување и обработка на податоци;
  2. Правни механизми за влијание во процесот на креирање политики и подготовка и имплементација на план за застапување.

Понудите  да се достават во рок од 5 дена од датумот на повикот, не подоцна од 09.11.2018 година (петок), до 16:00 часот.

Сите информации се дадени во Барањето за понуди  и во Услови за работа на експертот.

Останатата документација превземете ја тука (анекси).

Last modified: 02.11.2018