Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамки на проектот „Ефективен механизам за граѓанско учество“, финансиски поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, распишува повик за учество на обуки за јакнење на капацитетите за мониторинг, лобирање и застапување на граѓански организации од Источниот плански регион.
Повикот е отворен за граѓански организации од општините: Виница, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Чешиново – Облешево и Штип, кои работат најмалку две години на мониторинг на локалната самоуправа и застапување на локални политики.
Детали за обуките, критериумите за избор на организации и начинот на пријавување можете да најдете во следниот документ.
Заинтересираните организации можат да се пријават најдоцна до 01.12.2018 година, со пополнување на пријавата на следниот линк.
Last modified: 20.11.2018