Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија

15.09.2015

Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија

ФРЛЗ Штип со партнерските организации во осум општини во Македонија го спроведуваат проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија“.

Целта на проектот е да се зголеми транспарентноста и отчетноста на локалната самоуправа при доделувањето на средства за здруженијата од општинските буџети.

Во рамки на проектните активности со општините ќе биде развиена методологија за распеделба на средствата од општинските буџети за поддршка на здруженијата и понатаму ќе бидат преземени активности за усвојување на методологијата и нејзина примена. Исто така ќе биде изготвен и водич за развивање критериуми и процедури за унапредување на практиките на доделување на средства на здруженијата од страна на општините. Реализацијата на проектов ќе иницира поактивен пристап од граѓанските организации во унапредувањето на практиките за поддршка на организациите преку доделување средства од општинските буџети.

До сега се реализирани работилници во општините Битола, Новаци,Кичево и Пласница а наскоро престојат работилниците во општините Дебар, Центар Жупа и Чешиново-Облешево.

Повеќе информации за проектот ќе пронајдете  овде.

 

Last modified: 06.04.2017