Отворени младински денови во Штип во прилог кон основање НМС
Oтворените младински денови се предвидени и во Штип, наменети за младинските и организациите за млади од Источниот регион. Целта на овие настани е младинските и организациите за млади подобро да се запознаат со процесот на аплицирање за основање на Национален младински совет, како и нивна детална информираност околу целата иницијатива.
Отворениот младински ден ќе се оддржи на 7 Јуни во Штип во просториите на Фондацијата за развој на локалната заедница од 11 до 16 часот.
Иницијативата за основање на Национален младински совет е во завршна фаза. Во периодот февруари-мај, 2013 беше одржан еден широк консултативен процес со организација на 10 јавни дискусии низ целата земјa каде беше дискутирана потребата на основање на НМС, но и беа согледани потребите на сите младински организации низ земјата.
Понатаму, од 16-ти мај до 10 јуни, 2013 е отворен повикот за апликации за Основачкото собрание на Националниот младински совет, кој ќе се одржи од 28-30 јуни, 2013.
Би ни претставувало задоволство доколку земете учество и одблизу се информирате за сите детали околу иницијативата, како и процесот на аплицирање за НМС.
Last modified: 06.04.2017