Јавна дискусија „Отчетност кон заедницата“
Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип преку Проектот на УСАИД за граѓанско општество организира отворен настан – јавна дискусија на тема „Отчетност кон заедницата“.
Настанот кој ќе се одржи на 13 октомври (четврток) од 12:00 часот во Хотел Оаза во Штип.
Целта на овој настан е да се согледаат трендовите во практикување на транспарентноста од локалните власти и да се поттикнат граѓаните и граѓански здруженија на активен пристап во зголемување на отчетноста.
На настанот ќе бидат презентирано делувањето на граѓанскиот сектор во поттикнување на транспарентноста и отчетноста кај општините, ќе бидат споделени податоци од истражувања и препораки за подобрување на состојбата. Предизвиците во развивањето на овој сегмент од децентрализацијата ќе го надополнат присутните претставници од општини опфатени со проектни активности.
Во прилог се поканата и дневниот ред на настанот.
Last modified: 06.04.2017