Проектот „Отворен дијалог за Законот за здруженија на граѓани и фондации“ е финансиран од Европската комисија во рамки на програмата: Зајакнување на улогата на граѓанското општество во промоцијата на човековите права и демократските реформи на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR).
Проектот го спроведува Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип во партнерство со Центар за оддржлив развој – „Порта“ – Струмица, Регионален центар за оддржлив развој – Гевгелија, Центар за развој на заедницата – Кичево и Центар за оддржлив развој на заедницата – Дебар во општините Штип, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Струмица, Валандово, Гевгелија, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Охрид, Кавадарци, Неготино, Дојран, Делчево и Берово.
Целта на проектот е да се отвори дебата во граѓанскиот сектор за процесот на имплементација на Законот за здруженија и фондации и можностите што произлегуваат од него.
Проектот ги има следниве задачи:
– да лобира, соработува и сугерира во подобрувањето на секундарната легислатива или ако се јави потреба и со амандмани во законот;
– зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор за користењето на новите можности произлезени од законот;
– да ги информира НВО-ите за Законот за здруженија и фондации.
Имплементацијата на проектот е 12 месеци, од декември 2010 до декември 2011 година.
Целна група на проектот се претставниците на невладини организации, единиците на Локалните самоуправи, јавни институции и заинтересирани граѓани.
Проектот го сочинуваат следниве активности:
· Лобирање и застапување – вклучува дебати за споделување информации околу практичната имплементација на Законот за здруженија и фондации и можните пречки; завршна конференција вклучувајќи ги сите засегнати страни за претставување на нивната перспектива за Законот и препорака на заеднички прифатливи решенија; средби со претставници од релевантни институции за застапување на препораките и заклучоците од дебатите.
· Публикации – издавање водич низ Законот за здруженија и фондации; публикација со заклучоците и препораките од дебатите; публикација на ЦД со текстот на Законот и образците потребни според Законот.
· Јакнење на капацитетите – има за цел да остварува косултации и нуди поддршка при пререгистрацијата на НВОи, пријавување за организации од јавен интерес, што е јавен интерес, кој може да остварува профит, регистрација на нови организации, регистрација на ограноци итн.; консуллтации и поддршка за странски лица и организации; консултации и поддршка за претпријатија.
Last modified: 06.04.2017