Остварени средби за КОМЗ со претставници на општините

16.07.2013

Остварени средби со новоизбраните градоначалници, претседавачи и членови на Совети и вработени во општинските администрации во општините Карбинци, Конче и Лозово

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип како партнерска организација на Институт за развој на заедницата во својот регион на делување во рамки на проектот Инклузија на етничките заедници на локално ниво учествуваше во организација и реализација на консултативни средби со новоизбраните градоначалници, претседавачите и членовите на Советите, секретарите на општините и останати вработени во општинските администрации во општините Карбинци, Конче и Лозово.

Целта на овие средби беше да се дадат препораки за соодветна изборна процедура за избор на членство во Комисиите за односи меѓу заедниците и за обезбедување на административни услови за понатамошна ефективна работа на овие Комисии во новиот четиригодишен мандат на работа. Освен запазување на законската обврска за подеднаков број претставници од секоја етничка заедница застапена во општината, дел од препораките беа следни: членство на угледни и почитувани лица посветени на градење на добри меѓуетнички односи,членство на надворешни лица, родов баланс во комисијата, назначување на лице вработено во администрацијата за техничка и административна помош на работата на комисијата од страна на општината, обезбедување на определени средства од општинскиот буџет од страна на општината за оперативни и други трошоци за работа на оваа комисија

Се очекува овие средби да овозможат континуитет на работата на комисиите за односи меѓу заедниците после локалните избори и да придонесат кон подобрено учество особено на помалите немнозинските етнички заедници во донесувањето на одлуки за прашања кои го засегаат нивниот идентитет. Во дел од општините кои не се обврзани со закон да формираат ваква комисија, се очекува општините да формираат на доброволна основа. Истовремено, за првпат преку адресирање на прашањето за родова застапеност во КОМЗ се очекува општините да воспоставуваат практики за зајакнување на улогата на жената во процесите на градење на мир и безбедност.

Со цел да се споделат искуствата од средбите од различни општини и да се обезбеди преглед на профилот на членови на новите комисии, ќе биде подготвен извештај кој ќе се искористи како извор на информации за сите засегнати страни.

Овие средби беа дел од активностите реализирани во дваесет и девет општини со кои беа опфатени над 100 лица кои донесуваат одлуки (Градоначалници, Секретари на општини, претседавачи на Совети, членови на Советите на општините – координатори на советнички групи на различни политички партии, вработени во општинските администрации).

Средбите се дел од активностите во рамки на проектот Инклузија на етничките заедници на локално ниво поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го реализира Фондацијата Отворено Општество- Македонија.

 инфо за оддржани средби за КОМЗ

Last modified: 06.04.2017