Од нас за нас

23.01.2017

Финансиски поддржан од ЗГ „Конект“ – Скопје

Целта на проектот „Од нас за нас“ е идентификување и разрешување на најитните потреби на локалната заедница преку Фондација на заедницата. Специфични цели се: прибирање на најмалку 20 000 мкд во отворените фондови; поддржани и имплементирани најмалку 3 проекти; јакнење на капацитетите на УО, вработените, волонтерите на ФРЛЗ и НВО и зголемување на видливоста на ФЗ во заедницата. Предвидени се активности за идентификување на проблемите во заедницата, прибирање на средства од локални донатори, регрантирање, промоција на фондацијата на заедницата и јакнење на капацитетите на вработените и волонтерите на ФЗ, УО на ФЗ и невладините организации.

Проектните активности се однесуваат на идентификување на проблемите во заедницата, прибирање на средства од локални донатори, регрантирање, промоција на фондацијата на заедницата и јакнење на капацитетите на вработените и волонтерите на ФЗ, УО на ФЗ и невладините организации.

Активностите се насочени кон испитување на различните пристапи при прибирање на локални ресурси и нивно дистрибуирање назад во заедницата, односно идентификување на конкретни локални проблеми, врз основа на кои се имплементираат активности за прибирање на средства од локални донатори. Грантирањето е преку отворен повик до НВО и неформални групи на граѓани за аплицирање со можни решенија за наведените приоритетни проблеми. Овој пристап овозможува да се споредат претходните искуства и резултати со оние кои ќе ги постигнеме во рамките на овој проект, што овозможува добра основа за планирање на следните активности на ФЗ.

Активностите на проектот беа насочени кон испитување на различните пристапи при прибирањето на средства од локалните донатори и нивно алоцирање назад во заедницата. Преку активностите беа идентификувани конкретни локални проблеми за кои се прибираа средства од локалните донатори.

Во процесот на имплементација на проектните активности, ФРЛЗ – Штип организира 3 фокус групи за идентификување на проблеми во локалната заедница. Теми на фокус групите беа идентификување на проблемите на децата, младите и проблеми од животна средина. Од сите наведени теми се дефнираа по два приоритетни проблеми.

Last modified: 06.04.2017