Обука за пишување CV и мотивационо писмо

30.01.2012

На 30.01.2012, во просториите на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип се одржа обука за пишување на CV  и мотивационо писмо.

Обуката следуваше како дополнување на седумте реализирани во циклусот обуки за стекнување работни вештини кои успешно го следеа 25 млади  невработени луѓе. Со реализацијата и на оваа обука, се надеваме дека ќе го олесниме патот на наоѓање работен ангажман.

Обуката е во склоп на проектот „Младинска независност“ во реализација на Младински образовен форум и Фондацијата за развој на локаллната заедница Штип, а ја изведоа Трајче Велковвски и Бојан Јовановски од Центарот за кариерен развој при машинскиот факултет во Скопје.

Last modified: 06.04.2017