Обука за мониторинг на локалната самоуправа
На 20ти и 21ви април 2012 во хотел Оаза во Штип се оддржа обуката за мониторинг на децентрализацијата на локалната самоуправа. На обуката учествуваа 15 преставници на граѓанските здруженија од регионот и заинтересирани граѓани кои ги проширија знаењата за предизвиците и проблемите во процесот на децентрализацијата, со осврт на методологиите во мониторингот резултатите од истиот.
Обуката беше организирана од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип со поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија, а релизирана од тимот на Центарот за развој на локалната демократија.
Last modified: 06.04.2017