Одржана обука за модератори на граѓански форуми
Во склоп на активностите за организирање граѓански форуми во Општините Струмица, Струга и Центар се одржа обука за модератори и комодератори. Обуката се реализираше на 21 и 22 септември на Попова Шапка во присуство на 15тина учесници.
Целта на граѓанските форуми е да се зголеми активното учество на граѓаните во креирањето ја јавните политики и донесувањето одлуки на локално ниво, како и да се зголеми транспарентноста на општините.
На обуката беше презентиран проектот Граѓански форуми, беше согледана користа од Форумите во заедницата и Граѓанските форуми како модели на учество и беа разгледани најбитните аспекти во модерирањето на проектен и на буџетски форум. По работата во групи следеше и сесија посветена за мобилизирање и информирање на заедницата.
Во рамки на овој проект ќе бидат реализирани проектни и буџетски граѓански форуми во општините Струмица, Струга и Центар.
Проектот го спроведува Фондација за развој на локалната заедница со подршка на од Фондација Отворено општество Македонија.
Last modified: 06.04.2017