Обука за лидерство и тимска работа
Младите луѓе од Република Македонија секојдневно се соочуваат со негативните последици од моменталната општествено-економска состојба во државата. Младите се соочуваат со зголемена општествена нетрпеливост и тензија, како и економска и културна поделеност. Формалното образование не нуди вештини (презентациски вештини, активизам, флексибилност, соработка) кои се потребни за успех на пазарот на труд.
Покрај тоа што младите луѓе воопшто не се вклучени во процесот на донесување на одлуки, тие дури и не понудуваат никакви решенија за проблемите и не се борат за сопствените интереси.
Фондацијата за развој на локалната заедницата – Штип преку локалниот младински клуб „Актив“ е вклучена во реализацијата на проектот „Младинска независност“. Во рамките на проектот се реализираат тренинзи за помош при вработување со кои на младите луѓе ќе им се овозможи да стекнат вештини со кои би биле поконкурентни на пазарот на труд.
Проект: Младинска Независност.
Last modified: 06.04.2017