Национално дебатно првенство 2012
Во период од 28.04.2012 до 30.04.2012 се одржа националното дебатно првенство во градот Скопје, каде учествуваа повеќе од 100 дебатери од цела Македонија. На националното дебатно првенство традиционално зедоа учество и два тима од дебатниот клуб во Штип кои постигнаа солиден успех. Тимот Штип 1 составен од Стефан Ѓорѓиев, Ванче Димовски и Стефанија Ангелова и тимот Штип 2 составен од Стефан Коцев, Анастазија Рибарева и Михајло Донев уште еднаш покажаа дека штипскиот дебатен клуб има одлични дебатери кои знаат како да постигнуваат резултати и да ја одбранат репутацијата на клубот.
Им честитаме за постигнатите резултати и им посакуваме уште поголеми успеси
Last modified: 06.04.2017