Мултимедијален настан

14.06.2012

Мултимедијален настан за поддршка на Младинска банка Штип


Младинската банка Штип во склоп на неделата на промоција  организира мултимедијален настан кој ќе се одржи во Дом на млади, на 14.06.2012 со почеток од 20:00 часот.
Настанот ќе започне со проекција на кратки филмови, ќе продолжи со настап на штипски рок-бендови и ќе заврши со настап на DJ-ите Ezop и TeckTone.

 

Младинската банка Штип прибира средства од локалните донатори и потоа ги враќа назад во заедницата во форма на мали грантови кои ќе бидат наменети за финансирање на проекти за решавање на проблемите на младите во Штип. Така и во овој случај, средствата собрани од билетите ќе бидат наменети за Фондот за деца и млади.

Ги повикуваме граѓаните да земат учество во настаните кои ги организира Младинската банка Штип. Воедно им заблагодаруваме на сите кои ќе земаат учество, и на институциите кои се вклучија во поддршката на настаните.

Last modified: 06.04.2017