Обука за мониторинг на јавните набавки

18.06.2012

Обука за мониторинг на јавните набавки на локално ниво

На 1 и 2 јуни 2012 во х.Оаза, Штип  во соработка со Центарот за граѓански комуникации се одржа обука за мониторинг на јавните набавки на локално ниво.

Обуката е организирана во рамки на програмата за обуки за мониторинг наменети за претставниците на граѓанскиот сектор на Фондацијата отворено општество Македонија.

Обуката ја посетија 20 претставници на граѓанскиот сектор и заинтересирани граѓани од Штип и регионот.

Целта на обуката е да ги зголеми знаењата и унапреди вештините на граѓаните за поефикасно следење на јавните пари и да ја зголеми улогата на граѓанските организации во борбата против корупцијата. Беа разгледани фазите во јавните набавки, методологијата и примерокот за следење, електронскиот систем за јавни набавки со практични вежби за пребарување на податоци.

Last modified: 06.04.2017