Финансиски поддржан од Младински Образован Форум – Скопје
Основна цел на проектот е да ги поттикне и поддржи младите да превземаат иницијативи и активно да партиципират во општествените случувања на локално ниво.
Цели на проектот:
- Да се развијат и зајакнат капацитетите на 15 центри за подршка на младински активизам на локално ниво;
- Да се креираат едукативни материјали за поддршка на младинското организирање и партиципација;
- Да им се понуди на младите обука, простор и содржини за нивна активна партиципација;
- Да се развие критичко размислување и да се покрене аргументирана дискусија за актуелни младински прашања;
- Да се применуваат нови медиуми (блогови, видео подкасти, е-форуми) за промоција на младински прашања;
- Да се подржат конкретни младински акции за решавање на проблеми во локалните средини;
- Да се зголеми комуникацијата и соработката помеѓу младите, училиштата и локалната самоуправа;
- Да се зголеми комуникацијата и соработката помеѓу младите на ниво на локалната заедница, како и на национално ниво.
Активности на проектот:
- Формирање на клубови за Локална младинска иницијатива и Дебатни клубови;
- Обуки за правата на младите, младинско организирање, дебата, организација на настани, нови медиуми и PR;
- Дебатни турнири, дебатни школи, јавни дебати, дебати на филмови;
- Pеализација на проекти во насока на подобрување на животот на младите во локалните заедници.
Зошто тековни Младински клубови?
За да им се понуди на младите неформален начин на образование, редовни обуки од областа на неформалното образование, простор и содржини за нивно ефективно организирање и активирање во насока на унапредување на средината во која живеат и работат.
Зошто дебата и дебатни клубови?
Преку дебата младите ги збогатуваат своите знаења и развиваат вештини кои им помагаат во образовниот процес, како и при остварување на свои граѓански права. Вештините на критичкото размислување, ефективната комуникација и тимската работа кои ги стекнуваат преку дебатирање се од клучно значење за нивна партиципација во демократските процеси.
Last modified: 06.04.2017