Клуб за Локални младински иницијативи – Штип
КОИ СМЕ НИЕ?
Клубот за Локални младински иницијативи во Штип е младинска организација која е дел е дел од мрежата на 14 центри за локални младински иницијативи низ целата држава. Клубот постои и функционира од мај 2008 година во рамките на Фондацијата за развој на локална заедница Штип.
ШТО РАБОТИМЕ? – МИСИЈА
Зголемување на учеството на младите од Штип во општествениот живот и нивно оспособување за решавање на младинските проблеми преку афирмација на неформалното образование и критичкото размислување како и подршка на конкретни младинските иницијативи.
Популаризација на урбаната уметност и трајните културни вредности.
ШТО САКАМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ – ВИЗИЈА
Општествено активна и едуцирана младина, способна за формирање критички став и решавање на младински проблеми.
ВО КОИ ОБЛАСТИ ЌЕ ДЕЛУВАМЕ – СТРАТЕШКИ ПРИОРИТЕТИ
Клубот работи на следните приоритети
- Афирмирање на неформално образование и дебатата помеѓу младите
- Лоцирање на младинските потреби и проблеми и израбтка на решенија за нив
- Популаризирање на младинската урбана уметност и трејните културни вредности помеѓу младите
КОНТАКТ
Ул.Сремски фронт б.б (детскaта градинка “Сончогледи“), Штип
Тел. 032/383-116 , 070/633-041, 071/304-839
Last modified: 06.04.2017