Работна средба за идентификација на причините и потребите за институционална соработка за поддршка на процесот на ресоцијализација во воспитно поправните институции
Центарот за граѓански иницијативи (ЦГИ) во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип на 07.09.2011 (среда) во хотелот Оаза во Штип организира работна средба за идентификација на причините и потребите за институционална соработка за поддршка на процесот на ресоцијализација во воспитно-поправните институции, со почеток од 11 часот.
Настанот е организиран во рамки на проектот „ Малолетниците и нивните права во Воспитно поправните институции ” со финансиска поддршка на Германската амбасада во Скопје.
Преку реализацијата на овој проект, ЦГИ ќе придонесе за подобрување на процесот на ресоцијализација на малолетните лица во воспитно поправните институции во Република Македонија преку создавање на програма за градење на капацитетите на човечките ресурси. За остварување на ова цел, ЦГИ оствари соработка со Министерството за труд и социјална политика, Судовите, Министерството за образование како и Бирото за развој на образованието. Соработка е остварена и со институцијата Омбудсман на Р. Македонија.
На средбата ќе учествуваат претставници на центрите за социјална работа од единаесет градови на Македонија, претставници на судовите, заменик народен правобранител и граѓански организации посветени на заштитата и унапредувањето на човековите права.
Last modified: 06.04.2017