Македонија и европските вредности

23.09.2011

Серија на дебати: Македонија и европските вредности
Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип во серијалот дебати за Македонија и европските вредности организираат јавна дебата на тема: образование.

Дебатата ќе се одржи на 30 септември 2011 со почеток од 11:00 часот во предавална „Парламент“ на Кампус 2 (Педагошки факултет).

Воведничари во темата ќе бидат: проф.д-р Лилјана Колева – Гудева, доц.д-р Сашо Коцески и доц.д-р. Крсте Шајноски.

Настанот е отворен за сите заинтересирани граѓани.

Last modified: 06.04.2017