Македонија и европските вредности

19.10.2011

Серија на дебати: Македонија и европските вредности
Четвртата и последна дебата од серијалот „Македонија и европските вредности“ на тема „Култура и спорт“ кој го организираат Фондацијата за развој на локалната заедница и Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе се одржи на 25ти октомври (вторник) со почеток од 11 часот.

Дебатите имаат за цел да ги охрабрат студентите и сите учесници во академската заедница да дебатираат за теми коишто се значајни за развојот на високото образование и општеството, воопшто.

Дебатата ќе се реализира во Кампус 2 (Педагошки факултет), предавална „Парламент”, според следнава агенда:

11.00 – 11.05 ч. – Презентирање на идејата, претставување на дискутантите и отворање на дебатата

11.05 – 11.20 ч. – Доц. д-р Кирил Барбареев

11.20 – 11.35 ч. – Пом. асс. Билјана Митеска-Попеска

11.35 – 11.50 ч. – Доц.Тони Китановски

11.50 – 12.30 ч. – Сумирање на дискусијата на воведничарите, отворање на дебатата, прашања од публиката

12.30 ч. – Коктел во студентското бифе на Кампус 2

Ги покануваме сите заинтересирани студенти и граѓани да се вклучат во дебатата.

Last modified: 06.04.2017