Консултативна средба со младите од источниот регион

09.11.2015

Младински инспиративни дискусии

Национален младински совет на Македонија , Младинската инспиративна група и Фондацијата за развој на локалната заедница како регионална канцеларија на Националниот младински совет за Источниот регион, на 06.11.2015 година организираа консултативна средба за младите од Источниот регион.

Консултативната средба се одржа во Хотел Оаза, и на истата беа присутни претставници на младински организации од регионот и претставници на Локалните младински Совети од општините во регионот. На средбата се дискутираше за проблеми и предлог решенија на теми кои претходно беа утрврдени од страна на Младинската инспиративна група (МИГМК). Темите вклучуваа: младински стандард, образование , младинска невработеност и Локални младински совети и нивното вклучување во процесите на носење политки на локално ниво. Консултативната средба во Источниот регион е една од осумте средби кои ќе се организираат во сите региони на Македонија. Консултативната средба Младински инспиративни дискусии е дел од проектот „Младинско Учество“ имплементиран од Национален младински совет на Македонија, а подржан од Британска амбасада Скопје.

 

Last modified: 06.04.2017