Конференција на тема „Состојби и предизвици во имплементацијата на Законот за здруженија и фондации“
На 13.12.2011 во хотел Оаза се одржа конференцијата на тема „Состојби и предизвици во имплементацијата на Законот за здруженија и фондации“. Конференцијата е организирана од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со партнерските организации вклучени во проектот „Отворен дијалог за Законот за здруженија и фондации“.
Конференцијата имаше за цел да се разменат мислења, идеи и препораки за подобрување на имплементацијата на Законот за здруженија и фондации. Воедно беше презентирана и споделена брошура со заклучоци и препораки за подобрување на имплементацијата на законот како и водич низ истиот.
Воведно излагање имаа Невенка Лонгурова Гирова како менаџер на проектот, Даниела Стојанова од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Неда Коруновска од Фондација отворено општество Македонија, Зоран Богдановски од Центар за институционален развој и Ирена Иванова од Делегацијата на Европската Унија, а дискусијата ја модерираше Борис Шарковски.
Конференцијата ја следеа повеќе од 120 претставници на здруженијата, фондациите, новинари и локалните власти што резултираше со плодна дискусија за предизвиците кои произлегуваат од законот и идниот развој на граѓанскиот сектор во насока на искористување и надградување на можностите дадени според законот. Беа дадени и конкретни предлози за надминување на недореченостите во истиот и надминувањето на проблемите со кои се соочуваат граѓанските организации и фондациите.
Целосниот извештај од конференцијата можете да го превземете овде , а брошурата со заклучоците и препораките за подобрување на имплементацијата на законот на овој линк.
Видео запис од настанот ќе најдете на овој линк.
Last modified: 06.04.2017