Конференција „Состојби и предизвици во имплементацијата на Законот за здруженија и фондации“
Во рамките на проектот „Отворен дијалог за Законот за здруженија и фондации“, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип организира конференција на тема „Состојби и предизвици во имплементацијата на Законот за здруженија и фондации“. Конференцијата ќе се одржи на 13.12.2011 (вторник) во хотел Оаза со почеток од 12:00 часот.
Целта на конференцијата е да се разменат мислења и идеи за предизвиците во спроведувањето на Законот за здруженија и фондации, како и да се презентира брошурата со заклучоци и препораки за подобрување на имплементацијата на Законот, посебно преку интервенција во подзаконските акти.
На конференцијата воведно излагање ќе имаат претставници од Делегацијата на Европската Унија, Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата на РМ, Министерството за правда, Фондацијата отворено општество Македонија, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Центарот за институционален развој – ЦИРа.
Вашето учество може да го потврдите на тел: 032/383-116, 075/496 771 или е-mail: ngoscst@sonet.com.mk. За дополнителни информации можете да не контактирате на горенаведените телефони или е-маил.
Last modified: 06.04.2017