Јавна дебата: „Како се трошат нашите пари?“
Почитувани,
Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип и Граѓанската мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација, Ве покануваат на јавна дебата на тема „Како се трошат нашите пари?”, што ќе се одржи на 28 април 2015г (вторник), во Хотел „Оаза” – Штип, со почеток во 11:00 часот.
На дебатата ќе се дискутира за спроведувањето на јавните набавки во единиците на локалната самоуправа, пред сè од аспект на зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста при трошењето на јавните пари на локално ниво, но и за проблемите и процедурите при спроведување на овие постапки. На дебатата ќе учествуваат неколку граѓански организации, претставници на локалната самоуправа и на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Дебатата е дел од циклусот на јавните дебати што се организираат во повеќе градови низ целата земјата, во рамки на Проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“, што го спроведуваат Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Охрид Институтот за економски стратегии и меѓународни односи (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), со финансиска поддршка на Европската Комисија, преку програмата IPA Civil Society Facility. Целта на проектот е ди ги зајакне улогата и придонесот на граѓанското општество во остварување на стандардите на доброто владеење и во процесот на ЕУ интеграција.
Панелисти на настанот ќе бидат:
Јован Близнаковски, програмски директор во Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје
Зоран Иванов, Фондација за развој на локалната заедница, Штип
Виолета Шаклева, раководител на одделот за јавни набавки при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип
Кирил Јорданов, соработник за јавни набавки во локалната самоуправа на Општина Штип
Благица Киров , Едукативно-хуминатарна организација „ЕХО“, Штип
Last modified: 06.04.2017