Извештај за спроведувањето на децентрализацијата во општина Штип

09.05.2013

Извештај од следењето на спроведувањето на децентрализацијата на општина Штип во 2011 и 2012 година (јануари-јуни)

Извештајот ги сублимира резултатите од набљудувањето на спроведувањето на децентрализацијата во општина Штип за периодот јануари – декември 2011 година и во првите 6 месеци од 2012 година. Изработен е во рамки на проектот „Поддршка на центри на заедницата” имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во соработка со Центарот за развој на локалната демократија.

Методологијата користена при мониторингот на децентрализацијата вклучува воспоставување и мерење на индексот за перформансите на децентрализацијата (ИПД) за конкретни надлежности како што се: образование, урбанизам и просторно планирање, комунални дејности и локален економски развој.

За добивање на квалитетни и релевантни податоци беа користени структурирани прашалници наменети за конкретните одделенија по опфатените надлежности во локалната самоуправа Штип и во неколку јавни претпријатија кои оперираат на територијата на општината. Врз основа на добиените одговори и извршениот увид во официјални документи, податоците беа анализирани и се пресметани 45те индикатори со кои се мери нивото на децентрализација на општината.

Според добиенти резултати, општина Штип има најдобра вредност на подиндексот транспарентност и отчетност (4,67). Добра вредност има и на подиндексот имплементација на политиките за децентрализација, додека слаба вредност покажува подиндексот финансиска состојба на ЕЛС кој за 2011 изнесува само 3,11.

Индексот за перформансите на децентрализацијата (ИПД) за општина Штип е со средна вредност 3,69 за 2011 и 4,27 за 2012 година.

Повеќе детали за сите подиндекси и индикатори како и објаснувањето за користената методологија може да најдете во  извештајот.

 

Last modified: 06.04.2017