„Стоп на судирот на интереси во јавните набавки во ЕЛС Штип“
Во периодот август – октомври 2014 година во рамки на „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ е спроведено истражување за организирањето и спроведувањето на јавните набавки во Општина Штип.
Според наодите, Општина Штип целосно ги почитува законските обврски во спроведувањето на јавните набавки и спроведува е-аукција кај сите постапки. Слабости се евидентирани во остварувањето на годишниот план за јавни набавки, во временската реализација на постапките и во отстапките меѓу проценетата и договорената вредност кај дел од набавките.
Нашите препораки се насочени кон подетално планирање на јавните набавки, редовно ажурирање на веб-страната на општината и издавање на т.н граѓански буџет кој на едноставен начин би ги презентирал финансиките текови во општината.
Документот за јавни политики со кратка анализа можете да ги преземете овде , а за повеќе информации прегледајте го целосниот текст од истражувањето.
Last modified: 06.04.2017