Инклузија на етничките заедници на локално ниво

31.05.2013

Заедничка акција на ИРЗ и девет партнерски организации

Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) во соработка со 9 граѓански организации меѓу кои и ФРЛЗ го спроведуваат проектот „Инклузија на етничките заедници на локално ниво” поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Цел на проектот е да се oбезбеди континуитет во работата на Комисиите за односи меѓу заедниците (КОМЗ) после локалните избори во 2013 година. Краткорочни цели на проектот се:

  • зголемување на вештините и знаењата за застапување и лобирање на граѓанските организации кои работат на унапредување на односите меѓу заедниците;
  •  застапување кај новоизбраните општинските власти за транспарентна изборна процедура на новите Комисии за односи меѓу заедниците и
  • поттикнување на работата на новоформираните Комисии за односи меѓу заедниците.

Проектот се спроведува во партнерство со девет граѓански организации: Центар за развој на заедницата – Кичево, Здружение за развој и активизам „АКВА” – Струга, Центар за рурален развој „Бујрум” – Куманово, Центар за едукација и развој – Теарце, Асоцијација за унапредување на статусот на жената во современите општествени процеси во Македонија “Женска акција” – Скопје, Асоцијација за економски развој „АДОРА” – Тетово, Здружение за развој на ромската заедница „Сумнал” – Скопје, Фондација за развој на локалната заедница – Штип и Младински културен центар – Битола.

Географскиот опфат на проектот е 30 општини во Република Македонија и тоа: 19 општини со над 20 % од населението кое припаѓа на определена етничка заедница (Чаир, Сопиште, Бутел, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Куманово, Чучер Сандево, Тетово, Јегуновце, Брвеница, Маврово Ростуше, Дебар, Струга, Кичево, Крушево, Долнени, Чашка) и град Скопје, како и 10 општини со значителен број на припадници на етничките заедници кои имаат позитивно искуство во формирање на КОМЗ на доброволна основа (на пр.Конче, Карбинци, Студеничани, Гостивар, Теарце, Центар Жупа, Врапчиште и др).

Предвидени активности за реализација на проектот:

  • организирање дводневна работилница за партнерските организации за застапување и лобирање;
  • организирање директни консултативни средби со новоизбраните локални власти;
  • евидентирање на членовите на новите состави на Комисиите за односи меѓу заедниците;
  • подготовка на е-извештај за формирањето и отпочнувањето на новиот мандат на КОМЗ.

Целни групи на проектот се градоначалници и претседавачи на Совети од 30 општини, координатори на советнички групи на политички партии на локално ниво и прeтставници на граѓански организации кои работат во областа на унапредување на односите меѓу заедниците.

Како резултат на овој проект ќе биде воспоставена мрежа на граѓански организации кои што и понатаму ќе се залагаат за подобрување на односите меѓу етничките заедници на локално ниво.

Проектот се реализира во периодот од март до јули 2013 година.

 инфо за проектот

Last modified: 06.04.2017