Оджана првата сесија на граѓанскиот форум во Струмица
На 27 октомври во Домот на АРМ во Струмица се одржа првата сесија на граѓанскиот форум.
Фондацијата за развој на локалната заедница во соработка со Центарот на заедниците на општина Струмица ја организираше првата сесија од граѓанскиот форум. На проектниот форум присуствуваа над 100 граѓани и дискутираа за проектите кои произлегуваат од акциските планови на Општината во областа на социјлната заштита, млади, образование и соработка со граѓанскиот сектор.
Од понудените проекти граѓаните избраа 8 приоритетни проекти.
Избраните проекти се: приспособивање на спортско игралиште за лица со посебни потреби, финансиска помош за приспособување на индивидуални живеалишта на лица со посебни потреби, реконструирање на училиште во согласност со програмите за енергетска ефикасност, набавка на опрема во училишта (лабаратории, кабинети), студиски посети и вмрежувања со граѓански организации од соседни земји, обезбедување на локален фонд за кофинансирање и претфинансирање на проекти, вработување на млади во бизнис секторот со финансиска обврска за покривање на ангажманот од 6 месеци и поддршка на Start – Up бизниси на млади.
Во продолжение на втората сесија граѓаните ќе избираат еден од приоритените проекти кој ќе биде реализиран. Наредната сесија на проектниот форум ќе се одржи на 3 ноември 2015 година на истата локација.
Проектот граѓански форуми е финансиран од Фондација отворено општество Македонија и има за цел да го зголеми учеството на граѓаните во носењето на одлуки на локално ниво.
Last modified: 06.04.2017