Граѓански форуми

15.09.2015

Граѓански форуми во општините Струга, Струмица и Центар

Фондацијата Отворено општество Македонија во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип ќе реализираат проектни и буџетски граѓански форуми во општините Струга, Струмица и Центар.

Целта на граѓанските форуми е да се зголеми активното учество на граѓаните во креирањето на јавни политики и донесувањето на одлуки на локално ниво, како и да се зголеми транспарентоста на општините.

Проектен граѓански форум во општините Струга, Струмица и Центар, ќе се реализира врз основа на предлози за проекти од акциските планови за 4 области (образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански сектор) и нивно рангирање според приоритет.

Граѓански форум за општинскиот буџет во општините Струга, Струмица и Центар, ќе се реализира со цел  да се донесе буџет во консултација со граѓаните, како и да се зголеми транспарентноста при распределбата на општинските средства.

 

Last modified: 06.04.2017