Градење на капацитетите на новоизбраните членови на општинските совети

23.01.2017

Финансиски поддржан од ОБСЕ

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип во сорабoтка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во рамките на проектот „Градење на капацитетите на новоизбраните членови на општинските совети“ реализираа обуки за подобрување на вештините и знаењата на советниците и стекнување техники кои можат да ги применат како алатка за поефикасна и поефективна комуникација.

На реализираните обуки се обработуваа следниве модули:

  • Вовед во процесот на децентрализацијата;
  • Советникот како финансиер;
  • Советникот како одлучувач;
  • Советникот како комуникатор;
  • Советникот како лидер.

Обуките успешно ги следеа 400 советници од 84 општински совети и Град Скопје, при што ја зголемија ефикасноста при работењето преку разбирањето на процесот на децентрализација, подобрувањето на соработката во самата општина и меѓу општините, подобрувањето на комуникацијата помеѓу советниците и промоцијата на граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки.

Last modified: 06.04.2017