Голем интерес на дебатата од кампањата „Стави точка“

04.12.2015

Кампања „Стави точка на насилството врз жените и девојчињата“

Во тек е 16 дневната кампања „Стави точка на насилството врз жените и девојчињата“ која ја поддржуваат Делегацијата на ЕУ и ООН. Во рамки на кампањата Инфо клубот Штип како локален партнер организираше дебата која се оддржа на 04.12.2015 година на Правниот факуллтет при УГД Штип.

Дебатата ја модерираше Ана Јовковска а говорници беа и Кристина Хаџи – Василева  и Милан Живковиќ. Голем беше одзивот и интересот кај младите за темава при што повеќе од 100тина студенти и средношколци присуствуваа на дебатата споделувајќи бројни коментари и предлози за унапредување на борбата против насилството.

Кампањата трае 16 дена и започнува на 25-ти ноември – Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените и ќе трае до 10-ти декември – Меѓународниот ден на човековите права.

Активностите во рамките на кампањата имаат цел да ја подигнат свеста и да поттикнат акција против семејното насилство, како грубо кршење на основното човеково право, од што на светско ниво страда секоја трета жена во текот на својот живот.

 

Last modified: 06.04.2017