Фото глас

13.11.2013

Фото Глас – реши го сопствениот проблем со еден клик на фото апаратот

Што е фото глас? Една слика, илјада зборови…

Идеата на фото гласот е да не потсеќа и да не натера на акција за решавање на локалниот проблем со кој секојдневно се среќаваме на начин на кој нема да изгубиме многу време и нема да се заморуваме со бирократски процедури и официјални барања.

ФРЛЗ Штип во соработка со Центарот за современи уметности од Скопје и уште десетина организации од Македонија го спроведуваат проектот „Фото глас“.

Фото глас е метода (алатка) наменета за решавање на локланите проблеми преку употреба на иновативни методи, комуникација и пред се фотографија/слика. Фото гласот служи да иницира брзо и едноставно решавање на локалните проблеми од сферата на инфраструктурата, секојдневниот живот, здравството, образованието, екологијата и културата преку нивно експлицитно јавно прикажување и нај директно посочување на проблемот до надлежните, но и до оние кои се директно засегнати од проблемот да се вклучат во решавањето на истиот.

Фото гласот е единствена техника која нуди на граѓаните доколку сакаат и анонимно да се вклучат во решавањето на сопствените проблеми. Најголем дел од постираните проблеми од стрнана на тимот на фотоглас ќе бидат препратени до надлежните кои се одговорни за нивно решавање.

За неколку проблеми во локалната заедница на територијата на Штип досега се иницирани активности и се очекува  од надлежните институции благовремено да постапат за нивно решавање. Исто така се охрабруваат активните граѓани да се вклучат во иницијативата, и доколку преку објективот забележат локален проблем истиот да го споделат со нас.

Повеќе информации на профилот на фејсбук:

https://www.facebook.com/groups/409647932490756/?fref=ts

Last modified: 06.04.2017