Фондација за развој на Локалната заедница – Штип
Фондација на заедницата Штип прибира локални донации од локални донатори (поединци, бизниси, локални власти, институции итн.) и истите ги враќа во заедницата за решавање на приоритетните проблеми.
Средствата се прибираат во Фондови кои ги формира Управниот одбор на Фондацијата и истиот ги распределува. Управниот одбор е составен од 9 членови кои ја одразуваат локалната заедница (претставници на бизнис секторот, на јавни институции, граѓански сектор и медиуми).
Фондацијата на заедницата има два постојани фондови: Фонд за деца и млади и Фонд за облагодарување на животната средина.
Прибирањето на средствата за отворениот Фонд за деца и млади преку донирање на финансиски средства.
Донацијата можете да ја остварете преку уплаќање на финансиски средства на име Фонд на заедницата, жиро сметка бр.: 200001667694026, ЕДБ: 4029006134710, Стопанска банка АД Скопје, филијала Штип, со назнака за фонд за деца и млади или лично во просториите на Фондацијата.
Фондацијата на заедницата – Штип е отворена за нови предлози и иницијативи за формирање нови фондови кои ќе овозможат да се решат приоритетните проблеми и потреби кои ќе бидат идентификувани. Исто така постои можност за формирање на именувани фондови, кои имаат карактер на постојани фондови, а го носат името на донаторот.
Билтен 1
Билтен 2
Билтен 3
Last modified: 06.04.2017